Македонските навивачки групи заеднички сплотено ќе навиваат за фудбалската репрезентација на дуелот против Косово, полуфиналниот меч од Лигата на нации, на 26 март на арената „Тодор Проески“. Комити повикаа на заедничко македонско кортео, од плоштадот Македонија, преку улиците на Скопје, па се до арената.
Навивачкото шоу ќе започне во 17 часот како загревање за дуелот што ќе се одвива на трибините на стадионот „Тодор Проески“. Повикот за најмасовно присуство е испратен преку песната „Излези момче“, и тоа како што велат, пуштена на најјако…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА