„Комити“ со феноменално пиротехничко шоу – По шест години со шампионски мирис (ВИДЕО/ ФОТО)

И покрај меѓусебниот инцидент кој се случи на полувремето од дербито во последното коло од Првата македонска фудбалска лига кое ја одбележуваше, всушност, новата вкупно 13-та титула за Вардар во историјата, факт е дека „Комитите“ приредија навистина одлична атмосфера за крај на сезоната во најсилниот домашен шампионат.

Најверните вардарови навивачи за време на целиот натпревар во континуитет нижеа пиротехничка „фешта“ овој пат со „шампионски вкус и мирис“.

На крај, и на терен заедно со своите миленици прославувајќи го новиот трофеј, кој повторно се враќа во витрините на Вардар.

 

Се вчитува...