Комити со поздрав до Вујовиќ: Беше и остана еден од нас, вечно ќе се памети „вујовата мајсторија“

Третата ера на Веселин Вујовиќ како тренер на Вардар се покажа како најнеуспешнa откако трофејниот стручњак денеска ги напушти „црвено-црните“ по серијата слаби резултати во Лигата на Шампионите.

Најверните навивачи на Вардар, популарните Комити, преку официјалниот профил на фејсбук се збогуваа од Вујовиќ, потсетувајќи дека тој во изминатиот период секогаш бил тука за да помогне…

„Го зема приматот од Пелистер а потоа и од Металург…

Направи тим кој потоа се надогради и стана Европски првак…

Природно, создаде посебна хемија со публиката…

Стана икона на Комити !

Знаеше кога да го искористи своето влијание…

Од обичен натпревар знаеше да направи шоу…

Умееше да добие загубен меч…

Мајстор за подигање атмосфера…

Ни предизвикуваше насмевки…

Ни ги насолзуваше очите…

Ни ги растреперуваше срцата…

Стана Вардарова легенда !

Носеше наши реквизити…

Не засака нас како и ние него…

Секогаш беше со нас, а и ние со него…

Беше со нас во сите војни и битки !

Се заљуби во Вардар…

Го сакаше од почеток, ќе го сака до крај…

Кога требаше застана и за Фудбалскиот клуб !

Си купи билет за спас на Вардар !

Беше и остана ЕДЕН ОД НАС !

На Кале испишана историја…

Вечно ќе се памети Вујовата мајсторија !

Скопје секогаш ќе биде твој дом !

Во нашите срца секогаш ќе има место за тебе !

Довидување но никогаш збогум !

Ти благодариме за се !

Засекогаш – ВУЈО МАЈСТОРЕ !

Се вчитува...