„Комити“ задоволни од доаѓањето на Дејвис: Овој човек учеше од најдобрите….

Најверните навивачи на Вардар, популарните „Комити“ го поздравија пристигнувањето на Давид Дејвис на чело на ракометниот тим на „црвено-црните“.

Михајло Михајловски денеска и официјално потврди дека изборот за наследник на Веселин Вујовиќ паднал врз Дејвис, шпанскиот стратег кој се враќа во Вардар откако беше дел од стручниот штаб што ја освои првата европска круна во Келн.

„Еден од оние кои на 4-ти Јуни 2017г ни го честитаа 30-тиот роденден со Европска титула ! Следната сезона повторно сме во Келн помеѓу 4-те најдобри во Европа, и таа 2018 година се разделуваме. За потоа повторно да се сретнеме во 2019 кога ни ја честиташе втората Европска титула, но како тренер на поразениот тим во финалето 2019-та – Веспрем.

Овој човек учеше од најдобрите, и има заслуги за 3 домашни титули, 3 СЕХА титули, 2 Купа на Македонија, 2 пласмани во Келн и 1 Европска титула, а со тоа и пласман на Супер Глоуб, или неофицијалното интерконтинентално ракометно клубско првенство.
Да му посакаме Добредојде и успеси на кои заедно ќе се радуваме на Давид Дејвис Камара“, порачаа „Комити“.

Се вчитува...