Иако до стартот на новото првенство остануваат уште две недели, веќе се комплетирани три од шесте новоформирани фудбалски региони на Македонија.
Во третион регион, порано Трета лига-исток ќе играат 12 клуба. Тоа се: Победа Валандово, Ударник Пирава, Хоризонт Турново, Дојранско Езеро, Тиверија Струмица, Брегалница Делчево, Малеш Берово, Слога Виница, Саса Каменица, Овче Поле Свети Николе, Карбинци и Огражден Ново Село.
Седиштето на третион регион е во Струмица. Во четвртиот регион порано Трета лига-југ ќе играаат 14 екипи: Борец Велес, Превалец Велес, Победа Пепелиште, Башкими Г. Јаболчиште, Вардар Неготино, Венец Долни Дисан, Росоман, Питу Гули Крушево, Млекар М.Коњаре, Влазними Пресил, Бучим, Големо Коњаре, Ултрас Прилеп, ГФК Победа Прилеп. Седиштето на четвртиот регионот е во Прилеп.
Познато е и кои 14 клуба ќе играат во петтиот регион порано Трета лига-југозапад. Тоа се: Караорман Струга, Влазними Струга, Преспа Ресен, Демир Хисар, Напредок Кичево, Влазрими Кичево, Могила, Света Тројца, Охрид, Славеј Мешеишта, Кравари, Баир Битола, Крошу Битола, Чардак Велгошти и Напредок Ношпал.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
