Комплетни и мотивирани пред „мисијата Полска“ (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија во комплетен состав од денеска ги продолжува подготовките за квалификациските мечеви против Полска (7 јуни) и против Австрија (10 јуни) во јунскиот циклус. Се приклучи и Горан Пандев, а тоа секогаш е дополнителен мотив за „црвено-жолтите“. Капитенот дава дополнителен мотив и влева самодоверба кај останатите.

 

Селекторот Игор Ангеловски сега ги има на располагање сите фудбалери и ќе може да го спроведе планираното во пресрет на „мисијата Полска“. Потоа ќе се мисли на Австрија…

 

Се вчитува...