Комплименти од Гатузо: Елмас одигра одлично против Лацио

Наполи ја прекина серијата слаби резултати елиминирајќи го бранителот на трофејот, Лацио, од Купот на Италија, натпревар на кој во второто полувреме во игра влезе и Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец го замени Калјехон и настапи на крилната позиција, но со прикажаната игра успеа да го импресионира тренерот Џенаро Гатузо, кој досега не му даваше преголема минутажа во екипата.

„Елмас влезе на теренот и одигра одличен натпревар. Тој е фудбалер за врска, но многу добро се снајде и на крилната позиција“, го пофали стратегот македонскиот интернационалец.

Останува да се види дали оваа добра партија на Елиф беше доволна за да се убеди Гатузо почесто да му дава шанса во првата екипа. Наполи во следното коло ќе го пречека Јувентус, по што ќе следат дуели со Сампдорија, Лече, Калјари и Бреша.

Се вчитува...