Конате „пукна“, па одговори на жестоките напади на Карагер за кризата во Ливерпул (ФОТО)

Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате, одлучи да проговори откако беше жестоко критикуван од легендата на „црвените“, Џејми Карагер по најновиот пораз на тимот од Енфилд од дури 1-4 на домашен терен од ПСВ.

Имаше многу критики кон средниот ред на Ливерпул бидејќи тие се „изгубија“ на теренот во неколку наврати. Во меѓувреме, Карагер беше бесен на Конате за начинот на кој играше во дефанзива пред ПСВ да постигне трет гол во второто полувреме.

„Доста ми е од нив, се колнам во Бога. Тој Конате. Мислам, тоа е прекршок за менаџерот бидејќи постојано го избира да игра. Треба да биде отпуштен поради тоа“ – рече Карагер.

Конате, чиј договор истекува следното лето, и за кого постојано се пишува дека ќе реализира трансфер во Реал Мадрид, одлучи да одговори на критиките упатени кон него и неговите соиграчи.

„Мораме сериозно да го сфатиме овој момент. Критиката е дел од фудбалот и секој пат ќе се бориме да бидеме подобри. Во овие моменти, навивачите се најважни. Оние кои се со нас во добри и лоши времиња. Оние кои пеат за нас дури и во тешки моменти. Вашиот глас и вашата поддршка ни значат сè. Знаеме дека мора да се подобриме и ќе продолжиме да се бориме за вас. Секогаш“ – напиша Конате.

Се вчитува...