Арсенал мора очајнички да најде начин да се врати на победнички патеки и да остане во трката за титулата во Премиер-лигата, почнувајќи од утрешниот дуел на домашен терен со Њукасл.
Артета има сериозни проблеми со составот во изминатиот месец, но овојпат доби одлични вести, дури тројца првотимци се во комбинација за камбек токму за пресметката со Њукасл.
„Сака почна да тренира со тимот. Тој би требалода биде подготвен, ќе видиме колку ќе игра, но ќе биде во комбинација за настап. Калафиори и Тимбер исто така ќе бидат дел од тимот откако отсуствуваа неколку седмици“, обелодени Артета на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
