Конечно дочека: Симона Халеп го освои Ролан Гарос!

Конечно во четвртото финале, Симона Халеп успеа да стигне до својата прва титула во кариерата на еден Гранслем турнир.

Светската тенисерка број еден зад себе има три финалиња на Гранслем турнири, од кои две во Париз, но досега без трофеј. Се до денеска кога го освои Ролан Гарос победувајќи ја во финалето Американката Слоан Стивенс.

Халеп во финалната пресметка славеше во три сета, победувајќи со 3-6, 6-4, 6-1.

Романката и минатата година играше во финалето во Париз, но тогаш против Јелена Остапенко водеше со 1-0 во сетови, имаше брејк предност во вториот сет, но потоа се случи еден од најголемите пресврти во историјата на Ролан Гарос и Летонката Остапенко дојде до титулата.

Стивенс, пак, не успеа да дојде до својата втора Гранслем титула, откако минатата година го освои УС Опен.

Се вчитува...