Конечно фудбал под комплетно домашна стручна „палка“!

Со натпреварите меѓу Шкендија – Вардар во Тетово и Работнички – Ренова во Ѓорче Петров денеска од 17 часот и официјално се означува почеток на новата прволигашка сезона во домашниот фудбал.

Она што како прв впечаток се издвојува пред новата македонска прволигашка етапа дефинитивно е фактот дека по долги години конечно Првата лига комплетно ќе биде единствено под домашна стручна тренерска „палка“! По сите оние претходни експерименти изминативе години околу тренерските функции кај дел од македонските клубови, посебно оние најдобрите, конечно се чини концентрирано е најдоброто од помладите македонски тренерски имиња во Првата лига.

treneri Prva ligaШкендија веќе заборави на експериментите од типот на Рои Ференчина, Бруно Акраповиќ и Томас Брдариќ, па новата сезона и тоа како успешно ја стартуваше на европската сцена под водство на Ќатип Османи. И Пелистер по смената на Наџи Шенсои се одлучи за ангажман на Срѓан Захариевски.

Четири клуба, сосема очекувано, се одлучија да останат со тренерите од минатата сезона. Кај Работнички и натаму останува Виктор Треневски, како и Жикица Тасевски во Силекс, но и Зоран Штерјовски во Победа и Ардијан Нухиу на кормилото на Шкупи.

По заминувањето, пак, на Османи и „гипсарите“ се одлучија за веќе докажано име кое треба во новата сезона да ги води кон остварување на желбата за европски настап – Влатко Костов.

Vlatko-Kostov-615x400

Во редовите на двата нови прволигаши, ФК Скопје на клупата ќе биде Мите Митев, а Академија Пандев ќе биде водена од страна на поранешниот наш репрезентативец Панче Стојанов.

Pance Stojanov

ПРВА ЛИГА – 1. КОЛО

ДЕНЕСКА (17 ч.)

Шкендија – Вардар

Работнички – Ренова

УТРЕ (17 ч.)

Победа – Пелистер

Шкупи – Академија Пандев

Силекс – Скопје

Се вчитува...