Конечно и Барселона има причина за славење: Ансу Фати се приклучи на тимот по 290 дена пауза

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати конечно се врати на тренинзите на првиот тим на каталонскиот клуб. Фати се повреди кон крајот на минатата година и допрва треба да се врати на терените. Овој млад фудбалер се здоби со повреда на коленото и дури трипати мораше да оди на операција на менискусот.

Младиот напаѓач ги воодушеви сите кога дебитираше за Барселона на 16 години и одигра неколку одлични натпревари. Сепак, многумина стравуваат дека Фати ќе може да се врати по тешката повреда, а јасно е дека Барселона не сака да ризикува многу со негово брзо враќање на терените.

Фати тренира неколку месеци одделно од тимот бидејќи медицинскиот тим ја следеше неговата состојба. Сепак, Фати конечно тренираше со првиот тим на Барселона утрово по 290 дена од повредата, и целиот тренинг го одработи без проблеми.

Можно е Фати да биде во конкуренција за натпреварот против Хетафе викендов, но јасно е дека ќе има малку поскромни минути на почетокот за да не се ризикува со обнова на повредата.

 

 

Се вчитува...