Конечно, и тој со право на глас: Тајсон во 54. година првпат ќе може да гласа на избори

Легендарниот Мајк Тајсон во својата 54.година од животот за првпат ќе може да гласа на избори во САД.

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп и кандидатот на Демократската страна, Џо Бајден на 3. ноември ќе се соочат на новите избори на кои првпат право на глас ќе има и Мајк Тајсон.

Претходно не можеше да гласа затоа што во 1992 година беше во затвор, па неговото полициско досие тоа не му го дозволуваше. Сепак, сега се најде на избирачкиот список во државата Невада, која е само една од неколку држави која овозможува право на глас на поранешни осуденици.

„Ова ќе биде мое прво гласање. Повозбуден сум отколку пред натпревар. Мислев дека никогаш нема да можам тоа да го направам поради моето минато. Сега сум горд што ќе можам да гласам“ – вели Тајсон.

На изборите во 2016 година дури шест милиони лица не можеа да гласаат во САД поради проблеми со законот во минатото.

Се вчитува...