Конечно, кошарка во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Додека се чека конечно да стартува Првата лига, вечерва се одигра првиот кошаркарски меч во Македонија по пауза од повеќе од седум месеци. Како дел од регионалната БИБЛ-лига, но со македонска пресметка меѓу Куманово и новиот прволигаш ТФТ.

Квалитетот не беше на посакуваното ниво, но по пауза од седум месец грешките се сосема очекувани, па дури и оние почетничките. И двајцата тренери се свесни дека нивните тимови во иднина ќе мора да играат многу подобро, но најважно од се е што денеска конечно се одигра официјален кошаркарски меч.

Да се повлече нога, за прволигашките што ќе следат, се надеваме веќе од викендов…

Се вчитува...