Конечно, малку радост за Леброн, Милвоки игра фантастично

Леброн Џејмс конечно дочека и малку радост во дресот на ЛА Лејкерс, откако „езерџиите“ славеа со 107-123 на гостувањето против Чикаго, прекинувајќи ја серијата од пет порази и одржувајќи си ги минималните шанси за место во плејофот. „Кралот“ Џејмс одигра одличен меч реализирајќи 36 поени и 10 скокови, а Кајл Кума придонесе со 21 поен во овој триумф на „езерџиите“.

Милвоки покажува зошто е тим со најдобар скор во лигата откако оваа екипа рутински постигна 130 поени на гостувањето во Њу Орлеанс (113-130). Адетокумбо повторно беше главна фигура кај Милвоки постигнувајќи 24 поени, еден повеќе од Мидлтон.

Денвер лесно славеше над Минесота со 133-107. Џамал Мареј со 30 поени беше најефикасен во таборот на Денвер во овој триумф, додека Јокиќ го заврши мечот со 18 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Резултати НБА:

Индијана – Њујорк 103-98, Филаделфија – Кливленд 106-99, Чикаго – ЛА лејкерс 107-123, Далас – Сан Антонио 105-112, Њу Орлеанс – Милвоки 113-130, Денвер – Минесота 133-107, ЛА Клиперс – Портланд 107-123.

Се вчитува...