Конечно нова страница во кариерата на Ансу Фати: Толку од Барселона!

По 14 години, Ансу Фати повеќе не е играч на Барселона. Монако го откупи неговиот договор за 11 милиони евра.

Барселона и Монако вечерва го завршија долгонајавуваниот договор и Ансу Фати и официјално е играч на францускиот тим.

По 14 долги години во Барселона, каде што помина низ сите младински категории и ја доби „десетката“ како наследник на Лионел Меси, дојде болен момент кога Фати повеќе не е член на каталонскиот клуб.

Членот на француската Лига 1 се договори за трансфер вреден 11 милиони евра со Барса. Фати ќе потпише повеќегодишен договор со тимот каде ја мина минатата сезона. Во 30 настапи, постигна 12 гола.

Неговиот напредок во Барселона беше спречен од сериозни повреди. Требаше да биде наследник на Лионел Меси, но коленото рече не.

Се обиде да ја спаси кариерата во Брајтон. Не успеа, Ханси Флик го отпиша, но направи вистински потег со доаѓањето во Монако, каде што мина одлична сезона.

Француските медиуми истакнуваат дека Монако доби играч кој сè уште не го достигнал својот врв. Тој има само 23 години, а веќе зад себе го има искуството од играње за еден од најголемите клубови во светот и товарот од наследството на бројот на Меси.

Се вчитува...