Конечно победија и ЛА Лејкерс, Мајами го најде лекот за Јута

ЛА Лејкерс ја прекина серијата од четири порази стигнувајќи го победа на домашниот натпревар против Шарлот (102-93). Клучна се покажа третата четвртина што лејкерси ја добија со 31-19, создавајќи си предност што потоа знаеја како да ја задржат во завршните 12 минути од мечот. Леброн Џејмс имаше 28 поени, 11 скокови и 7 асистенции, а значаен придонес во победата даде и Шредер, кој реализираше 22 поени.

Мајами триумфираше со 124-116 на дуелот против Јута, земајќи го скалпот на тимот со најдобар скор во лигата. За „џезерите“ ова беше втор пораз во последните десет меча, вкупно деветти сезонава, со што тимот од Солт Лејк Сити останува со најдобар скор во досегашниот дел од сезоната (26-7). Синоќешниот дуел беше максимално израмнет од почеток до самиот финиш, но гостите ги промашија последните седум шутеви, а искусниот состав на Мајами знаеше да го искористи тоа за да стигне до победата. Батлер со 33 поени и 10 скокови беше главна фигура меѓу „жешките“, а одличен настап имаше и Горан Драгиќ, кој го заврши дуелот со 26 поени.

Голден Стејт го совлада Шарлот со 130-121, прв стрелец беше Стеф Кари со 29 поени, додека Дрејмонд Грин оствари трипл-дабл со 11 поени, 12 скокови и дури 19 асистенции.

„Црната серија“ од три порази ја прекина и тимот на Бостон, славејќи над Индијана со 118-112. Тејтум повторно немаше свој ден постигнувајќи скромни девет поени за 38 минути игра, но затоа расположени за игра беа Кемба Вокер со 32 и Тајс со 17 поени, кои беа најзаслужни за оваа победа на селтикс.

Резултати НБА:

Бостон – Индијана 118-112, Торонто – Хјустон 122-111, Чикаго – Феникс 97-106, Детроит – Сакраменто 107-110, Мемфис – ЛА Клиперс 99-119, Мајами – Јута 124-116, Оклахома – Атланта 118-109, Голден Стејт – Шарлот 130-121, ЛА Лејкерс – Портланд 102-93.

Се вчитува...