Конечно: Рамос се враќа на тимските тренинзи – дебитра во петок?

Серхио Рамос пристигна во ПСЖ како големо засилување од редовите на Реал Мадрид, но легендарниот шпански стопер сеуште чека на првите минути во дресот на „светците“. Преголемиот број на повреди го одложија дебито на 35-годишникот кој последниот настап на официјален натпревар го имаше на 5. мај.

Но, се чини дека времето за чекање е завршено и набргу Рамос ќе се претстави пред француската публика. Стоперот завршува со индивидуалните тренинзи и наскоро ќе се приклучи на тимските тренинзи со што е отворена вратата за деби веќе во петок на мечот против актуелниот шампион Лил.

Рамос во својата богата кариера одигра околку 900 професионални натпревари, a oсвои 22 трофеи со Реал Мадрид и четири со репрезентацијата на Шпанија па јасно е дека ќе донесе стабилност во одбраната на „светците“ кои досега примија 14 гола во сите конкуренции.

Се вчитува...