Конечно се огласи човекот поради кого настана хаосот во Лас Вегас: Не сум навредувал верски, Хабиб е виновен!

Еден од членовите на тимот на Конор МекГрегор, Дилон Данис конечно се огласи по судирот со Хабиб Нурмагомедов по УФЦ мечот во Лас Вегас.

Нурмагомедов и МекГрегор приредија спектакл, но потоа и срамен хаос приредувајќи вистински шок за присутните на трибините.

Хабиб по мечот го прескокна кафезот и насрна на Данис, по што настана жестока тепачка. Некои пренесоа информација дека Русинот по Данис се впуштил затоа што го нарекол „е.ан муслимански глушец“, но членот на тимот на МекГрегор сето тоа го негира.

„Никогаш не сум спомнал ниту некогаш ќе изречам навреда на верска основа. Со нетрпение го чекам извештајот на атлетската комиција на Невада од истрагата за тој случај, па вината да си отиде таму каде што треба“ – изјави Данис, а тренерот на МекГрегор само дополни:

„Тој вушност не кажа апсолутно ништо. Седев покрај Дилон и тој апсолутно ништо не кажа во текот на целиот меч“.

Како и да е, Нурмагомедов по инцидентот го очекува повеќемесечна суспензија. МекГрегор веќе побара реванш дуел па не е исклучено повторно да се најдат во „кафез“ еден против друг.

Се вчитува...