Конечно: Викендов во салите дуели од М-18 лигата во кошарка

Младинската кошаркарска лига за играчи до 18 години започнува овој викенд, а во истата ќе се натпреваруваат 24 екипи кои ќе бидат поделени во Прва и Втора лига, при што Втората лига ќе биде поделена на „Исток“ и „Запад“.

Првата лига ќе брои осум клуба и во неа ќе се натпреваруваат: Партизан Водно Санс, Феникс 2010, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички 1, Куманово, ФМП Академија и Чаир 2030.

Групата „Исток“ од Втората лига ќе ја сочинуваат: Еуро Никел, ТФТ, Кожув, Вибас Баскет, Борец Баскет, Струмица, Работнички 2 и Дино Баскет, додека во групата „Запад“ силите ќе си ги одмерат: МЗТ Уни Банка, Партизан Водно Санс 2, Гостивар, Пелистер Медика Карта, Црн Дрим, Албес, Шкупи и Тетово Булс.

Системот на натпреварување ќе ги опфака и Првата и Втората лига со тоа што натпреварите ќе се играат по еднокружен бод систен, секој со секого и ќе се одиграат седум кола. По одигрување на натпреварите од првата фаза седум кола и добивањето на конечниот пласман од 1-8, натпреварувањето продолжува во втората фаза.

Првопласираните четири екипи од Првата лига во разигрувањето од прв круг се слободни, додека второпласираните четири  екипи, односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните две екипи од групите Исток и Запад од Втора лига, по следниот систем:

1 нат: П5 – И2; 2 нат: П6 – З2; 3 нат: П7 – И1; 4 нат: П8 – З1.

Во четвртфиналето ќе се игра во два добиени натпревари по систем домаќин  –гостин – домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат; Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат; В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат; Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-18 (Мажи) и ќе разигруваат за Државен првак за нат. сезона 2020/2021.

Во полуфиналето ќе се сретнат екипите во форматот:

ПФ – 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г ; ПФ – 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,

Победниците од средбите ќе играат во финалето за Држаевн првак за 2020/21 година, а поразените ќе играат за трето место.

 

 

Се вчитува...