Конференциска лига: Фејнорд со „петарда“ во Белград, Славија Прага броеше до четири, победа на Рома

Фејнорд забележа победа од 2-5 на гостувањето во Белград против Партизан во осминафиналето од Конференциската лига. „Црно-белите“ во два наврати имаа предност од еден гол, но второто полувреме им припадна на гостите кои со четири гола стигнаа до голема победа.

Начо донесе предност од 1-0 за Партизан во 13. минута, а резултатот го изедначи Торнстра седум минути подоцна. Резултатот 1-1 остана на семафорот и до крајот на првото полувреме, а Јовиќ донесе нова предност за домаќинтие во 46. минута. Во 52. минута преку Десерс гостите стигнаа до ново изедначување, а со головите на Гертруида, Синистера и Торнстра ја потврдија победата.

На победа се радувааа и Славија Прага која на домашен терен против ЛАСК славеше со 4-1, Паок кој во Солун го доби Гент со 1-0 и Рома која и покрај тоа што имаше играч помалку славеше на гостувањето кај Витесе со 0-1.

Се вчитува...