Милан загуби со 1-2 од Атлетико Мадрид синоќа во Лигата на шампионите.
Од 30. минута Милан играше и со играч помалку по исклучувањето на Кеси. Во моментот кога Кеси го доби вториот жолт картон, хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ загуби контрола.
Откако Кеси доби исклучување, Ребиќ веднаш го нападна внесувајќи му се во лице, а ескалација на ситуацијата спречија неговите соиграчи кои го запреа.
По тој случај Ребиќ веднаш беше заменет, па токму околу целата таа ситуација по мечот се огласи и Златан Ибрахимовиќ кој се опоравува од повреда.
„Се е под контрола, тато е тука“ – му порача Златан на Ребиќ преку Инстаграм, а се тоа испратено и со хитот на Нада Топчагиќ – „Утро е“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА