Елиф Елмас го очекува уште пожестока борба за првотимски статус откако Наполи реши да ја заврши 2019 година со договорен трансфер на нов фудбалер од средниот ред.
Станува збор за словачкиот репрезентативец Станислав Лоботка, кој ќе пристигне во Наполи од таборот на Селта, каде беше стандарден првотимец во првиот дел од сезонава. Позитивни зборови за Лоботка пристигнале и од словачката легенда на Наполи, Марек Хамшик, по чии комплименти за сонародникот претседателот на „наполитанците“ решил да ги интензивира преговорите со Селта.
Весникот „Газета дело спорт“ објави дека е постигнат и целосен договор, Наполи ќе плати три милиони евра за шестмесечна позајмица, но и ќе мора да доплати 17 милиони евра во јуни, за целосно да го откупи договорот што Лоботка го има со клубот од Виго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА