Конор Галагер е нов фудбалер на Тотенхем

Доскорешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Конор Галагер, е ново засилување за Тотенхем. Играчот од средниот ред го засили премиерлигашот во трансфер вреден 34 милиони фунти.

Тој пристигнува во Тотенхем за да ја зајакне конкуренцијата во средниот ред, која е особено ранлива по сериозната повреда на Родриго Бентанкур. Галагер потпиша договор од пет и пол години.

Англискиот репрезентативец игра првенствено како централен играч од средниот ред, но во зависност од системот и потребите, може да игра поофанзивно, како и на крило. 25-годишникот му се приклучи на Атлетико во летото 2024 година за 38 милиони фунти.

Претходно играше за Вест Бромвич, Кристал Палас и Челси, а има голем број натпревари од Премиерлигата зад себе.

Се вчитува...