Конор Мекгрегор ќе настапи на бокс меч во инвалидска количка

ММА ѕвездата Конор Мекгрегор договори неверојатна борба за следниот месец. Ирецот ќе настапи на бокс меч во инвалидска количка, а негов ривал ќе биде ирскиот комичар Ал Форан.

Форан често знаел да го имитира Конор во минатото. Иако Мекгрегор не можеше да го издржи и покажуваше често нервоза, сепак, нивната врска сега е одлична, па затоа е договорен и натпревар.

Овој бокс меч ќе се одржи на 11 септември во Даблин, а ќе биде организиран во соработка со Здружението на инвалидни лица на Ирска, и сите приходи од натпреварот ќе бидат наменети за добротворни цели.

Мекгрегор веќе плати одредени средства за оваа организација, а сигурно е дека неговиот настап на натпреварот ќе донесе голем интерес.

За потсетување, Конор има скршеница на ногата што ја заработи на мечот против Дастин Поарие минатиот месец и нема да може да се движи некое време.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...