Поранешниот шампион во пердув и лесна категорија во УФЦ, Конор Мекгрегор (22-6), конечно е „потврден“ дека ќе се врати во октагонот по пет години, по поразот од Дастин Поарие на 10 јули 2021 година.
Мечот за кој се зборуваше и шпекулираше долго време конечно е официјално закажан, а Дана Вајт го избра вистинскиот момент да ја објави оваа одлука токму во моментот кога камерунскиот тешкаш Франсис Нгану, кој е поврзан со добро познат конфликт со првиот човек на УФЦ, замина од октагонот борејќи се за друга организација.
„Ете го… Успеав. Ќе биде едно пеколно лето“, рече Вајт,
Ривал на Конор во тој дуел во велтер категорија ќе биде Макс Холовеј. Борбата меѓу Ирецот и Хаваецот ќе биде главна борба на 11. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
