Консеисао: Артета ми го навредуваше семејството

Тренерот на Порто, Серхио Консеисао изјави дека е разочаран од однесувањето на менаџерот на Арсенал, Микел Артета за време на реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Арсенал на крајот славеше триумф на пенали со 3-1, и така продолжи во 1/4 финалето од најелитното европско натпреварување. Имаше кошкање помеѓу двајцата тренери по последниот свиреж.

„Артета дојде на нашата клупа и го навредуваше моето семејство на шпанси. Му кажав дека човекот кого го споменува повеќе не е жив. Му препорачувам да се концентрира на тренинзите на својот тим, затоа што има можност да игра подобро од вечерва. Јас сум горд на мојот тим. Го надигравме Арсенал во двата меча. Имавме многу шанси против тим кој е лидер во Премиерлигата и постигнува многу голови. Знаевме дека ќе бидеме под константен притисок, и бевме подготвени“, рече Консеисао.

Се вчитува...