Конте: Ајде сега нека се јават тие што го критикуваа Лукаку…

Антонио Конте не го криеше задоволството откако Интер славеше на гостувањето против Наполи, прв триумг во Неапол во кариерата на овој трофеен стратег. Во главна улога беше Ромелу Лукаку, кој со два гола во првото полувреме го најави големиот триумф со кој Интер остана рамо до рамо со Јувентус во трката за скудетото.

„Би сакал сега да се јават сите оние кои го критикуваа Лукаку. Не толку одамна читав најразлични глупости, некои дури и го нарекуваа магаре. Јас отсекогаш сум велел дека е дијамант кој може да блесне ако се работи правилно со него. Го барав уште уште кога бев во Јуве, потоа инсистирав на негов трансфер во Челси, пресреќен сум што имам можност да работам со Ромелу Лукаку во Интер“ – изјави Конте.

Белгискиот голгетер игра во животна форма, веќе постигна 14 погодоци во Калчо-лигата во досегашниот дел од сезоната, како и два во Лигата на шампионите.

Се вчитува...