Конте бара бек од Португалија, соиграч на Стефан Ристовски

Антонио Конте не е задоволен од фудбалерите на позицијата лев бек, па сака да го засили овој дел од тимот веќе во јануарскиот преоден рок. Стратегот на Интер се откажа од намерата да го доведе Алонсо од Челси, туку вниманието го насочи кон дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Маркос Акуња.

Соиграчот на Стефан Ристовски важи за дисциплиниран во одбраната, но и исклучително опасен кога ќе тргне во напад, што е доволна причина Конте да издаде налог, а директорот Марота да почне преговори со Спортинг.

Проблем е што португалскио клуб бара 15 милиони евра, а Интер не ни може да преговара за јануарски трансфер, за да не го наруши правилото за финансиски ферплеј. Понудата за позајмица во висина од еден милион евра, со откуп од 10 милиони евра во јули беше одбиена, но се очекува Марота да се врати со нов обид. Во новата понуда се очекува да биде вклучена и клаузула за задолжителен откуп на крајот од сезонава, а вкупната сума да изнесува околу 13 милиони евра.

Се вчитува...