Конте: Еве зошто толку многу го сакавме Лукаку

Интер одигра извонреден меч и славеше со 4-0 над Лече на стартот од сезоната, а тренерот Антонио Конте го издвои Ромелу Лукаку како играч кој го одбележал овој натпревар од првото коло.

„Сите зборуваат дека сме платиле многу пари, а ние всушност се договоривме за трансфер од 65 милиони евра што ќе го плаќаме во следните пет години. Затоа, да не се лажеме, тоа не се многу пари. А по она што се случуваше на теренот, мислам дека на сите им е јасно зошто толку многу го сакавме Лукаку. Тој е нежен џин, секогаш насмеан, решен да работи напорно за доброто на тимот“ – порача Конте.

Тој сепак гледа простор за напредок на „нероаѕурите“ во натпреварите што следат.

„Почнавме со вистинскиот интензитет и со исполнување на задачите што ги дадов. Сепак, не ми се допаѓаше како почнавме да играме веднаш по вториот гол, па им го кажав тоа на момците за време на паузата. Не треба во ниту еден момент да се застане и да се помисли дека мечот е завршен. Треба да направиме чекори напред, да ја подобриме менталната подготовка и фокусираноста, но севкупно гледано сум задоволен од играта и од пристапот“ – истакна стратегот на „нероаѕурите“.

Се вчитува...