Конте го доби посакуваниот фудбалер: Тотенхем се засили од Барселона

Тотенхем е на прагот да официјализира уште едно големо засилување откако лондонскиот тим ги договори условите со Барселона за позајмица на дефанзивецот Клемент Ленгле, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Дваесетиседумгодишниот француски репрезентативец на „Хотспур“ ќе помине една сезона бидејќи засега во договорите нема откупна клаузула. Со тоа англискиот тим ќе добие голема стабилност во одбраната која е проблем по заминувањето на клучните играчи.

Се вчитува...