Конте го има најдобриот старт во историјата на Интер

Антонио Конте го реализираше тоа што на никого пред него не му успеало во 111 години историја на Интер. Со синоќешната победа над Лацио од 1-0 во 5. коло од Серија А стана првиот тренер на „нераѕурите“ кој победил на сите пет почетни натпревари од италијанското првенство.

Конте веднаш по доаѓањето ова лето комплетно го промени составот на Интер, играчите и тактиката, импресивно запишувајќи се во историјата на клубот.

Интер на стартот од сезоната притоа има постигнато и десет гола а прими само еден. Во моментов тимот од Милано е со два бода предност на врвот од табелата пред Јувентус, се чини единствениот ривал за Скудетото.

Се вчитува...