Менаџерот на Челси, Антонио Конте ова лето на подарок од Роман Абрамович го доби напаѓачот Алваро Мората. Но, впечаток е дека Мората не е прва опција за италијанскиот стратег.
Му пропаднаа обидите за Лукаку и Белоти, па остана Мората. Сепак, се чини дека Конте нема да се помири со оваа ситуација, па веќе сега се најавува дека Челси силно тргнува во акцијата за ангажман на Единсон Кавани.
„Дејли мејл“ пренесува дека токму Челси е првата варијатна за нов клуб на 31-годишниот офанзивец, кој неодамна ги расипа односите со Бразилецот Нејмар многу брзо по неговото доаѓање во ПСЖ. Па, веќе се наведува дека Кавани во јануари со сигурност заминува од ПСЖ.
Покрај Челси за неговите услуги се заинтересирани и Наполи, Интер и Јувентус, но и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА