Конте го посакува отпишаниот ас на Барселона

Раководството на Интер е заинтересирано за услугите на хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, пренесува „Газета дело спорт“.

Од Барселона објавија дека повеќе нема да сметаат на услугите на Хрватот кој е ставен на трансфер листа, а целата ситуација сака да ја искористи Интер, кој со доаѓањето на Антониот Конте на клупата сака да ја прекине доминацијата на Јувентус во италијанскиот шампионат. Се шпекулира дека сумата која ја бараат „каталонците“ за услугите на Ракитиќ е 40 милиони евра.

Ракитиќ во Барселона пристигна во пред пет години, а за каталонскиот клуб успеа да ги освои трофеите во Ла Лига, Копа дел Реј и Лигата на шампионите.

Се вчитува...