Асмир Беговиќ не успеа да се наметне кај Антонио Конте во битката за прв голман на Челси, па босанскиот интернационалец реши да си замине од „Стемфорд бриџ“. Бурнемаут е следниот клуб на Беговиќ, откако Челси веќе ја прифати понудата од 10 милиони фунти што оваа екипа ја испрати за Босанецот, кој ќе потпише тригодишен договор.
За Беговиќ ова ќе претставува камбек во Бурнемаут, откако голманот настапуваше на позајмица за оваа екипа во 2007 година, на позајмица од Портсмут.
Во ситуација кога Беговиќ си замина, сега улогата на резерва на Куртоа ќе му припадне на Португалецот Едуардо, кој дојде минатата сезона од редовите на Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА