Конте го тужи Челси за десет милиони евра

Челси му врачи отказ на Антонио Конте, но тоа не значи и крај на приказната кога станува збор за односот меѓу поранешниот првак на Англија и стратегот што ја донесе последната титула на „Стемфорд бриџ“.

Италијанецот имаше уште една година од договорот со „сините“ пред да добие отказ, разговорите за обостран прекин на соработката не вродија со плод, па Конте испрати официјална тужба до британскиот суд за да си ги наплати парите што му ги должи Челси. Станува збор за сума од десет милиони евра за преостанатите дванаесет месеци од договорот, доколку овој стратег во меѓувреме не најде нов клуб. Конте веќе ставил до знаење дека нема намера да бара нов ангажман, се со цел максимално да го наплати долгот од Челси, во ситуација кога клубот се однесуваше крајно некокретно кон него, терајќи го дури и да ги почне подготовките за наредната сезона иако се знаеше дека неговото местоќе го заземе Сари.

Роман Абрамович го продолжи трендот тренерите да не издржат повеќе од две години на клупата на Челси, без оглед што повторно скапо ќе ја плати оваа своја навика.

Се вчитува...