Конте има една желба што Интер мора да му ја исполни

Интер, а не Јувентус, е клубот што Антонио Конте го избрал за свој следен тренерски предизвик во кариерата. Трофејниот стратег ја отфрлил можноста за враќање на кормилото на „старата дама“, па откако ја одби и Рома станува јасно дека Интер тимот што Конте сака да го води во обид да го врати на тронот на италијанскиот фудбал.

Преговорите со „нероаѕурите“ траат веќе извесно време, а поранешниот италијански селектор јасно ставил до знаење дека има една клучна желба, што клубот ќе мора да му ја исполни. Станува збор за Ромелу Лукаку, напаѓач што Конте го смета за идеален за својот нов клуб. Тој многу го сакаше Лукаку и во Челси, но „сините“ ја загубија таа трка од Манчестер Јунајтед, па Конте на крајот мораше да се задоволи со Мората, кој се покажа како големо промашување на лондонскиот клуб.

Белгискиот „џин“ ќе биде достапен за трансфер бидејќи во Манчестер Јунајтед не сметаат сериозно на неговите услуги. Интер ќе има пари за трошење со обезбедниот влез во ЛШ, но и од најавената продажба на Мауро Икарди. Сепак, нема да биде нималку лесно да се најде заеднички јазик со „црвените ѓаволи“, кои ќе бараат најмалку 70 милиони евра за овој фудбалер.

Се вчитува...