Конте: Немаме избор, победа ни е единствена опција

Интер нема право на нов „кикс“ и мора да оди на победа на вечерашниот натпревар против Борусија Менхенгладбах.

„Нероаѕурите“ се без триумф во првите четири кола и доколку вечерва не ја освојат Германија ќе бидат елиминирани од елитното европско натпреварување.

„Единствениот начин да ги одржиме нашите надежи живи е да го добиеме вечерниот натпревар против Борусија. Знаеме дека нема да биде лесно, тие покажаа колку се силни. Сепак, тоа е единствената можност да тргнеме по патот кон Европа каде што често се играат важни нокаут натпревари. Ова е дополнителен тест за нас“, изјави Конте.

Стратегот на „нероаѕурите“ не се согласува со гласните критичари по слабото издание и поразот од Реал Мадрид во минатото коло.

„После натпреварот со Реал Мадрид беа упатени многу критики до нашиот клуб. Слушнав многу луѓе како зборуваат за натпревар во кој доминираа Шпанците. Но, има и такви кои забораваат дека имавме еден играч помалку по 30 минути игра, по што примивме гол од пенал на стартот од мечот. Реално е тешко да се игра против Реал Мадрид, особено кога имате црвен картон во вашиот тим“, вели Антонио Конте.

Се вчитува...