Конте: Интер може веднаш да атакува на трофеи

Преселбата на Антонио Конте на клупата на Интер предизвика бура во Италија, навивачите на Јувентус се бесни за „неверството“, а и оние на Интер не се пресреќни што нивниот клуб за тренер избра стратег кој беше под истрага за местење на натпревари. Сепак, Конте верува може да одговори на предизвикот, експресно да ги придобие симпатиите на навивачите и да се посвети на победите на теренот.

„Изборот да дојдам во Интер? Присуството на Марота беше една од причините, бидејќи знам дека секој клуб што го има него има сериозни амбиции. Осум години Интер е нема борено за првото место, време е тоа да се промени. Претседателот Жанг го бара тоа, а јас верувам дека е остварливо. Интер може веднаш да се бори за трофеи. Не велам дека ќе биде лесно, на првите натпревари ќе имаме проблеми, но ќе ни се укажуваат шанси што ќе мораме да ги користиме. Тоа ќе биде клучно“ – истакнува Конте.

Тој не ја крие зачуденоста што голем дел од критиките доаѓаат поради неговиот претходен ангажман во Јувентус.

„Па во тренерската работа е нормално да се менуваат клубови. Моето минато во Јувентус не треба да е никаква пречка. Она што навивачите го очекуваат од мене се победи и трофеи, тоа е добро и јас ќе сторам се за да им ги исполнам желбите. Но, тоа нема никаква врска со моите претходни работни ангажмани“ – порачува Антонио Конте.

Се вчитува...