Конте испишува нови страници во историјата на Интер

Интер забележа убедлив триумф од 0-3 на гостувањето против Торино, резултат со кој Антонио Конте испиша нови страници во клупската историја.

„Нероаѕурите“ никогаш досега немаа врзано седум победи на гостински терен на стартот од една сезона, нешто што Конте го оствари на самиот почеток од својата авантура на „Џузепе Меаца“. Покрај тоа, Интер има дури 11 победи во првите 13 одиграни кола, нешто што на „нероаѕурите“ им има успеано само во сезоната 1950/51.

Тимот функционира беспрекорно, се уриваат рекорди, но Конте е свесен дека вистинскиот предизвик допрва претстои – трката за скудетото со актуелниот првак Јувентус. „Старата дама“ моментно е лидер на табелата со 35 бода, само еден повеќе од Интер.

Се вчитува...