Конте ја одби Рома, сака да води тим што може да го освои „скудетото“

Италијанскиот стратег Антонио Конте е еден од најбараните тренери во Европа во овој момент, откако ги расчисти односите со Челси и бара нов голем предизвик во кариерата. Тој се споменува како можна опција за Баерн Минхен и за ПСЖ, но многу пореално е да се врати во Серија А. Таму исто така постои голем интерес за него, а го поврзуваат со Рома, Интер, Милан, но и со враќање во Јувентус.

Сепак, најновите информации од Италија велат дека Конте ја одбил Рома, а неговиот следен предизвик треба да биде тим со кој ќе може да го освои „скудетото“.

„Во Рим се заљубив двете години додека бев на селекторската позиција. Можеби не сега, но мислам дека еден ден ќе бидам тренер на Рома. Искрено, барам нов голем предизвик, тим со кој ќе ја освојам титулата. Интер и Милан? Се е можно. Јувентус? Тоа е врска која никогаш нема да се раздели“, изјави Конте и остави простор да работи од следната сезона повторно во италијанскиот фудбал.

Се вчитува...