Конте ќе биде нов тренер на Барселона?

Ернесто Валверде ќе си замине, а Антонио Конте ќе биде нов тренер на каталонскиот гигант Барселона. Ова го тврди шпанскиот „Дон Балон“, кој сепак тежи кон пласирање на бомбастични информации во јавноста. Според овој медиум, Валверде поради раната елиминација на Барселона во Лигата на шампионите ќе мора да си замине, иако ќе ја освои двојната круна во Шпанија.

Конте е на „тенок мраз“ во Челси, оваа сезона тимот игра очаен фудбал, и нема да успее да обезбеди пласман ниту во Лигата на шампионите. Тоа Роман Абрамович нема да го прости, па Италијанецот ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, но веднаш ќе се пресели на „Камп Ноу“. Останува да се види дали оваа сензационална најава ќе добие своја потврда по завршувањето на сезоната во Англија и во Шпанија.

Се вчитува...