Антонио Конте ќе биде нов тренер на Милан, тврдат медиумите на Апенините. Инвестицискиот фонд „Елиот“, кој го презеде раководењето со италијанскиот калчолигаш, нема доверба во Џенаро Гатузо. Новиот спортски директор Леонардо веќе се договорил со Конте, тој треба да пристигне на „Сан Сиро“ и да заработува 6 милиони евра по сезона.
Антонио Конте неодамна се раздели со англискиот премиерлигаш Челси. Според клаузулата, клубот ќе мора да му исплаќа на италијанскиот стратег 11 милиони евра годишно, се додека тој не пронајде нов ангажман. Милан може да биде одличен „џокер“ за Челси во оваа насока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА