Конте ќе зема поголема плата во Интер од Алегри во Јувентус

Антонио Конте е изборот на управата на Интер за нов тренер, откако „нероаѕурите“ ги прифатиле сите услови што им ги поставил трофејниот стратег. Официјализацијата ќе следи по завршувањето на сезонава, по што Лучијано Спалети официјално ќе си замине од „Џузепе Меаца“, а за негов наследник ќе биде именуван Конте. Весникот „Ла Република“ објави дека Конте ќе потпише договор на три сезони, со плата од девет милиони евра годишно. Со тоа, поранешниот италијански првак ќе стане и најплатен тренер во Калчо-лигата, симнувајќи го од врвот досега недостижниот Масмилијано Алегри со седум милиони евра по сезона годишна плата.

Кинеските газди решиле да му ја дадат на Конте платата што ја бараше откако Рома и Јувентус исто така се вклучија во трката за негов ангажман. Новиот тренер ќе има за трошење и 100 милиони евра за нови фудбалери, плус парите што ќе ги обезбеди од продажба на играчи во текот на летниот преоден рок („нероаѕурите“ се надеваат на околу 120 милиони евра од заминувањето на Икарди и на Перишиќ).

Приоритет за Конте ќе биде ремонт на навалната линија на Интер, каде негови главни желби за летниот преоден рок се Ромелу Лукаку и Пауло Дибала.

Се вчитува...