Конте: Многу сум разочаран од Лукаку

Наполи ја прекина серијата послаби резултати со убедливата победа на домашен терен над Кремонезе, а новинарите по мечот ги интересираше дали и колку е нарушен односот меѓу тренерот Антонио Конте и голгетерот Ромелу Лукаку, по инсистирањето на напаѓачот да ја мине реабилитацијата во Белгија, за што доби казна од клубот.

Лукаку неодамна се врати назад во Неапол за да не биде дополнително санкциониран, веќе е извесно дека летово сигурно ќе биде продаден. Конте, кој како тренер секогаш успеваше да го извлече максимумот од белгискиот џин, како во Интер, така и во Наполи, не го криеше разочарувањето од односот на овој фудбалер.

„Искрено, разочаран сум… немав можност да разговарам со Ромелу. Знам дека тој дојде во клубот, разговараше со еден од директорите, а мојата канцеларија е токму таму. Никој не ми тропна на врaтата, да ме поздрави, да разговараме…. Искрено сум разочаран бидејќи очекував порака, поздрав, некаков вид на комуникација. Ова е таков момент… тренерот се обидува да ги разбере сите страни, но никој не го разбира тренерот“, прокоментира Конте.

Се вчитува...