Конте може да здивне: Супериорна игра на Тотенхем, „петлите“ експресно го решија Лидс (ВИДЕО)

Мини кризата во Тотенхем денес беше за момент прекината, откако фудбалерите на Антонио Конте, на гостински терен во рамки на 27-то коло од Премиер-лигата, обезбедија голема победа над Лидс, 0-4.

Домаќините на почетокот се обидоа да притиснат, но по една брза контра, Мет Доерти ја затресе мрежата на противникот уште во 10. минута, по што ја сруши целата формација на Лидс. Фудбалерот со македонско потекло, Дејан Кулушевски веќе во 15. минута ја зголеми предноста на 2-0, додека Хари Кејн со гол во 27. минута ја запечати судбината на домаќините уште во раната фаза од натпреварот.

Во вториот дел и двата тима имаа свои шанси, но единствено ја реализираше Тотенхем преку Сон, кој во 85. минута со гол во мрежата на Лидс ја запечати победата на тимот од Лондон.

Овој триумф доаѓа во идеално време за Тотенхем, по кризата од поразите во последните натпревари, а само ја продлабочи кризата во редовите Лидс, кој во последните пет меча има четири порази и едно реми.

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1497554171389689858/pu/vid/1280×720/48qpm7ENuLm1_UGJ.mp4?tag=12#t=0.1

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1497555426291900419/pu/vid/1280×720/kNCCWWg10wt4xK6f.mp4?tag=12#t=0.1

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1497557996041392130/pu/vid/1280×720/FhYxlR1SbzuxHFH1.mp4?tag=12#t=0.1

https://playergg.com/uploaded/1645884726.mp4#t=0.1

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...