Конте не запира: Намерачи фудбалер на Вилјареал

Антонио Конте напорно работи за составување на тим кој следната сезона ќе атакува на шампионската титула во Премиерлигата. По ангажманот на фудбалери како Ричарлисон, Бисума и Перишиќ сега италијанскиот стратег погледот го насочи кон Шпанија и Вилјареал.

Таму покажува интерес за стоперот Пау Торес кој во претходната сезона беше еден од најдобрите фудбалери на „жолтата подморница“. Сепак овој играч ќе пристигне на „Хотспур“ само доколку не се реализира трансферот на Клемонт Ленгле, пренесуваат англиските медиуми.

Дваесетипетгодишниот Пау Торес е и репрезентативец на Шпанија, а за неговите услуги Тотенхем ќе треба да исплати најмалку 50 милиони евра.

Се вчитува...