Конте: Ние во Интер не сонуваме, туку напорно работиме

Интер со неверојатен пресврт оствари триумф (4-2) во градското дерби против Милан, иако на полувреме имаше негатива од два гола. „Нероаѕурите“ го презедоа врвот на табелата во Серија А со 54 бода, но со подобра гол – разлика од Јувентус. Тренерот Антонио Конте е презадоволен од изданието на тимот во второто полувреме и големиот триумф, но вели дека Интер не ја сонува титулата.

„Не може секој да одигра такво полувреме и да му даде четири гола на Милан. Ова е голем триумф за нас, извлековме многу поуки од првиот дел и одлучивме да одиграме многу похрабро во второто полувреме. Брзо дадовме два гола за израмнување и тоа беше клучно. Потоа фативме ритам за победа. Скудето? Ние во Интер не сонуваме, туку напорно работиме. Има уште многу до крајот“, изјави Антонио Конте.

Интер во следното коло ќе игра нов дерби натпревар, против Лацио на „Олимпико“ во Рим.

Се вчитува...