Конте: Ова веќе не личи на фудбал!

И по неколку дена од драматичните случувања на стадионот во Лондон, Антонио Конте и понатаму е бесен, дуел на кој Тотенхем против Спортинг се израдува на гол за 2-1, за потоа истиот да биде поништен поради сомнителна ВАР одлука.

Луѓето во ВАР собата испратија контроверзна фотографија која покажува минимален офсајд од Хари Кејн, но неколку дена подоцна, Конте се уште е убеден дека неговиот тим бил ограбен од судиите на мечот во Лигата на шампионите и сериозно оштетен пред последното коло во групната фаза.

„Помина повеќе време, но моето мислење не е променето. Го повторувам истото. Одлуката која беше донесена е многу погрешна, тоа ни нанесе огромна штета. Тоа што ни го направија беше неверојатно. Даваш гол, веќе се гледаш во наредната фаза во Лигата на шампионите и еуфорично се радуваш, а потоа чекаш пет минути и остануваш без ништо. ВАР донесе одлука, а никој не знае дали е точна или не. За мене, ова веќе не личи на фудбал, ВАР ја уби емоцијата во фудбалот“, изјави Конте.

Се вчитува...