Конте потврди: Се враќам во фудбалот!

Италијанскиот стратег Антонио Конте потврди дека наредната сезона се враќа на тренерската работа. Иако се уште нема одлучено кој тим ќе го преземе, тој наведе дека ќе одбере „вистински проект“ каде што ќе почне со работа.

„Уште не знам која понуда ќе ја прифатам. Ќе одберам тим кој има „вистински проект“. Во таков тим ќе ја продолжам кариерата“, изјави Конте. 

Италијанецот се поврзува со голем број клубови. Извесно е дека повторно ќе работи во Италија, а меѓу клубовите кои се заинтересирани за него се Интер, Милан и Рома. За потсетување, Конте пред почетокот на сезоната доби отказ во Челси, откако една година порано го однесе клубот до титулата во Премиер – лигата. Во кариерата покрај Челси, ги водеше и екипите на Јувентус, Сиена, Аталанта и на Бари, а беше и селектор на репрезентацијата на Италија, која ја водеше на Европското првенство 2016 во Франција.

Се вчитува...